Background

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“

Компанијата „Кромберг и Шуберт” започнува нов инвестициски проект со кој во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000 работни места, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешното потпишување договор во Владата со раководните лица од компанијата.

– Таму ќе се произведуваат автомобилски компоненти за германскиот автомобилски гигант Ауди.

Ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот Регион и за целокупната економија, но и потврда дека како држава располагаме со квалификувана работна сила и индустриски капацитети кои можат да одговорат на највисоките европски стандарди.

- Advertisement -
Ad image

Во фабриката во индустриската зона Жабени ќе се произведуваат системи за нов модел на Ауди, со планиран обем од над 3.000 снопови дневно. Инаку, проектот предвидува и воведување современи технологии и дигитализација на производството.

„Кромберг и Шуберт” досега има реализирано три инвестициски проекти во Жабени, во Битола до сега се вработени околу 5.300, во Скопје се нешто над 1.700, со овој проект ќе дојдеме веќе до 10.000 вработени. Така што довербата што ја има „Кромберг и Шуберт” во земјата е огромна.

За Битола и цела Пелагонија ова значи нов развоен импулс, за локалното стопанство дополнителни можности, а за граѓаните перспектива за стабилна работа и економска сигурност.

Нашата цел е да бидеме препознаени како сигурна и конкурентна инвестициска дестинација, со силна индустрија, зголемен извоз. Следната година од „Кромберг и Шуберт” очекуваат да надминат 400 милиони евра извоз од своите производни капацитети кај нас. Имаат и подобро платени работни места – просечните плати, посебно за висококвалификуваниот кадар, се за 80% над просекот во Македонија.

Упатувам благодарност до раководството на „Кромберг и Шуберт” за довербата, како и до сите вработени кои со својата стручност и посветеност придонесуваат за реализација на вакви проекти – рече премиерот Мицкоски во своето обраќање на прес-конференцијата на која ја соопшти најновата инвестиција на „Кромберт и Шуберт“.

– Заклучно со јуни, со вториот квартал имаме над 50 милиони странски инвестиции повеќе споредено со истиот период од минатата година. Ако влезете на страницата на Народна банка ќе видите дека има над 50 милиони повеќе, за истиот период минатата година в- рече премиерот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖