Ирина Шајк повторно привлече внимание со провокативни фотографии. Руската манекенка позираше за новата кампања на британскиот бренд Hunza G, а фотографиите се снимени на Ибица. Најмногу реакции предизвика кадарот на кој таа е топлес, облечена во црно мини-здолниште, додека со рацете ги покрива градите.
Во останатите фотографии Шајк носи различни модели костими за капење, меѓу кои и минијатурни бикини. Кампањата е за колекцијата Resort 2027, инспирирана од модата на почетокот на 2000-тите, со смели кроеви, текстурирани материјали и металик-детали.
Фотографиите ги направил фотографот Давит Гиоргадзе. Покрај бикините, колекцијата вклучува и едноделни костими за капење, мини-здолништа, кратки панталони и мини-фустани. Препознатливиот набран материјал на брендот е комбиниран со сјајни нијанси и детали што потсетуваат на модата од пред две децении.
Шајк открила дека соработката со брендот дошла природно, бидејќи со години ги сака нивните модели. Таа ја опишала колекцијата како секси и разиграна, со носталгичен призвук на 2000-тите. Снимањето на Ибица, опкружена со пријатели, за неа било посебно искуство.
Манекенката и на 40 години е една од препознатливите фигури во меѓународната модна индустрија. Поголемата светска популарност ја стекна во 2011 година, кога стана првата руска манекенка што се појавила на насловната страница на специјалното издание за костими за капење на списанието „Спортс илустрејтид“.
Tagged as:
Ирина Шајк ги привлече сите погледи со новите фотографии од Ибица
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
