Background

АНТОНИО ЈОЛЕВСКИ НАЗНАЧЕН ЗА В.Д. ШЕФ НА ВИШОТО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА

Поранешниот претседател на Советот на јавните обвинители, Антонио Јолевски, е назначен за вршител на должноста виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за Примање награда за противзаконито влијание.

Одлуката е донесена на 53. седница на Советот на јавните обвинители, одржана на 13 октомври, откако Основниот кривичен суд Скопје го известил Советот дека против Везировски е определена мерка на претпазливост со која му се забранува преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно активности на неговото работно место.

„Под точката разно, претседателот на Советот ги запозна другите членови со известувањето на Основниот кривичен суд Скопје дека против јавен обвинител е определена мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, кои се поврзани со кривичното дело, односно работни активности на неговото работно место, поради што Советот донесе одлука да се стави надвор од сила одлуката со која јавниот обвинител е определен за в.д. виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола. Поради ваквата состојба, Советот одлучи да донесе одлука за назначување на јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Битола, Антонио Јолевски, за в.д. виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола“, соопштени Советот на јавните обвинители.

- Advertisement -
Ad image

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 7 октомври информираше дека е поведена постапка против виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Според соопштението од ОЈО ГОКК, преку повеќе дејства и примена на посебни истражни мерки се обезбедени докази дека тој ги искористил своето реално влијание и службената положба за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 одделни предмети на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖