Тројца скопјани на возраст од 43, 35 и 61 година се приведени под сомнение дека уценувале жител на Делчево, од кого барале 10.000 евра и му се заканувале дека ќе објават компромитирачки материјали ако не им ги даде парите.
Тројцата, со иницијали З.Б. (61), М.Б. (35) и Б. (43), биле приведени во рамки на оперативната акција „Чистач“, при која полициски екипи извршиле претреси на две локации во Скопје.
Според пријавеното, повеќе лица од Скопје му се заканувале на жителот на Делчево по животот и телото, барајќи од него да им исплати 10.000 евра. Како средство за притисок, наводно му се заканувале дека ќе објават компромитирачки материјали доколку не ја исполни нивната побарувачка.
Случајот го истражува Основното јавно обвинителство во Делчево, каде што е оформен предмет за кривичните дела „уцена“ и „загрозување на сигурноста“.
При претресите бил пронајден и пиштол „М57“ со калибар од 7,62 милиметри. Проверките покажале дека оружјето потекнува од кривично дело „тешка кражба“, извршено на подрачјето на СВР Скопје.
Акцијата ја спровеле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Секторот за општ, насилен криминал и семејно насилство, во соработка со СВР Штип – ОВР Делчево и СВР Скопје.
По целосното документирање на случајот, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
