Background

Млада мајка го спасила своето осуммесечно бебе, но го загубила сопствениот живот при пад од 15.кат на станбена зграда во Бронкс во Њујорк

Млада мајка го спасила своето осуммесечно бебе, но го загубила сопствениот живот при пад од 15.кат на станбена зграда во Бронкс во Њујорк.

Дваесет и тригодишната Натали Рамирез го држела девојчето во прегратка кога, според полицијата, нејзиниот поранешен партнер ги турнал од балконот.

Истражителите веруваат дека мајката со своето тело го ублажила ударот при падот. Детето преживеало со тешки повреди и било пренесено во болница. Мајката починала.

- Advertisement -
Ad image

Особено е потресен деталот дека осомничениот, 31-годишниот Ангел Караско, наводно ѝ донел цвеќе пред трагедијата, обидувајќи се да ја обнови нивната врска.

Наместо помирување, неколку часа подоцна се случила трагедијата што ја потресе њујоршката населба Алертон.

Инцидентот се случил на 6 октомври, околу 3:40 часот наутро.

Полицијата ги пронашла мајката и бебето со тешки повреди пред станбената зграда.

Според сведоштвата на соседите, непосредно пред падот од станот се слушале жестока расправија и повици за помош.

Еден сведок раскажал дека слушнал како жената го моли напаѓачот да престане и му кажува дека бебето е исплашено.

Караско побегнал по трагедијата, но полицијата го пронашла и го уапсила следната вечер.

Тој е обвинет за убиство, обид за убиство и други кривични дела поврзани со нападот.

Според американските медиуми, осомничениот и претходно бил поврзуван со пријави за семејно насилство.

Дополнително внимание предизвикале снимките од неговото изведување од полициската станица. Додека собраните граѓани му дофрлувале, камерите го забележале како се насмевнува.

Семејството на Натали Рамирез е убедено дека таа свесно го заштитила своето девојче во последните секунди од животот.

Нејзината мајка изјавила дека Натали го спасила детето, иако самата не успеала да преживее.

Соседите и пријателите организирале собир во нејзин спомен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖