Обвинетата Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата, а по неа ќе биде распишана меѓународна потерница, рече денеска министерот за внатрешни работи, Панчр Тошковски.
– Согласно информациите кои ги имам меѓународна потерница ќе биде распишана денеска, Јавното обвинителство побара определување мерка притвор. Доколку Судот донесе таква одлука веднаш Министерството ќе ја процесуира преку каналите што ги имаме за меѓународна соработка и се надевам дека нашиот источен сосед ќе се одважи да ги почитува меѓународните правила, Европската конвенција за човекови слободи и права, сè она што значи нормална европска држава каква што Бугарија тврди дека е и суштински и е дел од семејството на ЕУ – рече Тошковски во интервју за Сител.
Тоа Бугарија треба да го покаже со дела, а не само со декларативни изјави, додаде Тошковски.
Ива Михајлова, која во Македонија е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, деновиве избега во Бугарија.
За Михајлова, која има и бугарско државјанство, во сила е активна судска забрана за напуштање на земјата.
Македонското МВР претходно соопшти дека таа нелегално излегла од Македонија и нелегално влегла во Бугарија.
„Преку заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија“.
Медиумите во Бугарија објавија дека Михајлова се наоѓа во Софија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
