Улогата на Европа во глобалната распределба на моќта е доведена во прашање, поради што е неопходно итно да се интензивираат напорите за зајакнување на европската одбрана, предупреди денеска полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски на Варшавскиот безбедносен форум.
– Ако го направиме само она на што веќе се обврзавме на самитот во Хаг и на самитот во Анкара, тогаш до крајот на деценијата ќе имаме армии со кои рускиот претседател Владимир Путин нема да може успешно да се справи – истакна Сикорски.
Тој додаде дека прашањето не е дали Европа ќе биде окупирана, туку дали САД, Кина и Русија самите ќе ги определуваат сферите на влијание во светот, оставајќи ја Европа во улога на обичен снабдувач на податоци и туристичка дестинација или пак таа ќе се избори да стане „третиот столб“.
Британскиот министер за надворешни работи Ед Милибанд, кој исто така говореше заедно со Сикорски на форумот, предупреди дека основните вредности, како што се слободата, демократијата, мултилатерализмот и владеењето на правото, се загрозени ширум светот и дека бараат борба „на сите фронтови“.
– Улогата на Европа во ова е од суштинско значење за зачувување на светскиот поредок што би го препознале и кој навистина би го правел она што е исправно за нашите деца – рече Милибанд.
Тој апелираше таканаречената хибридна војна да се сфати многу посериозно и да се разгледаат сите расположливи средства за нејзино одвраќање и спротивставување. Покрај тоа, британскиот министер истакна дека е потребно несмалено да продолжи поддршката за Украина на сите полиња, вклучително преку финансиска и енергетска помош, како и со дополнително заострување на санкциите против Москва.
Осврнувајќи се на хуманитарниот аспект на војната во Украина, Милибанд ја подвлече важноста од почитување на Меѓународниот кривичен суд и Меѓународниот суд на правдата, особено во сегашниот момент.
– Ако се залагаме за меѓународен поредок заснован на правила и го почитуваме меѓународното право, тогаш како демократии е исклучително важно да ги поддржуваме тие принципи, бидејќи тие се важни механизми за утврдување одговорност – заклучи Милибанд.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
