Background

Светски рекорд во истражување подводни пештери би можел да биде соборен во кањонот Матка, каде што е во тек спелеонуркачка експедиција со цел да се достигне длабочина од 300 метри или повеќе

Светски рекорд во истражување подводни пештери би можел да биде соборен во кањонот Матка, каде што е во тек спелеонуркачка експедиција со цел да се достигне длабочина од 300 метри или повеќе. Нуркачите ќе се обидат да го надминат досегашниот резултат од 287 метри во пештерата Врело, која моментално е трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот.

Експедицијата „Врело 2026“ се одржува од 10 до 17 октомври, информираат од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“.

Досегашниот најголем дострел во пештерата го постигнал полскиот нуркач Бартломиеј Питала, кој со својот тим во 2025 година се спуштил на 287 метри.

- Advertisement -
Ad image

Пред него, италијанскиот нуркач Луиџи Касати достигнал 212 метри, а полскиот спелеонуркач Кшиштоф Старнавски ја истражил пештерата до длабочина од 242 метри.

Според податоците на организаторите, пред Врело на светската листа се само две подводни пештери: Фонт Естрамар во Франција, истражена до 312 метри, и Елефанте Бјанко во Италија, со достигнати 292 метра.

Тоа значи дека со спуштање под 292 метра, Врело би можела да се искачи на второто место. За преземање на првото место, според наведените резултати, би требало да се надмине длабочината од 312 метри.

Експедицијата се реализира под генерално покровителство на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Поддршка на терен обезбедуваат припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при МВР.

Во приправност се и хеликоптерската единица на МВР, службите за итна медицинска помош и Црвениот крст, додека во подготовките учествувале и единици на Генералштабот на Армијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖