Background

СЕ СТАБИЛИЗИРА РАСТОТ НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ

Народната банка останува посветена на олеснувањето на условите за купување прво живеалиште, а се очекува новите макропрудентни мерки, коишто ќе стапат во сила од 1 декември годинава, и понатаму да делуваат превентивно со цел поттикнување на одржливо задолжување на домаќинствата.

Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во емисијата „Бизнис објектив“ на ТВ Телма, во која зборуваше за мерките што ги презема централната банка во областа на станбеното кредитирање, со цел да се одржи стабилноста на финансискиот сектор и да се заштитат граѓаните од презадолжување.

Славески посочи дека Индексот на цените на становите во Скопје, којшто Народната банка го објавува на квартално ниво, покажува знаци на стабилизирање на цените. Годишниот раст на индексот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот квартал минатата година, забави на 10,3%, ниво што е блиску до состојбата забележана во 2023 година. Во вториот квартал растот на цените изнесуваше 13,4% додека, пак, во првиот квартал  цените на становите на годишно ниво пораснаа  16,6% во првиот квартал од годината. На квартално ниво (во споредба со вториот првиот квартал цените забележаа благ раст од само 1,3%, што укажува на стабилизирање на пазарот.

- Advertisement -
Ad image

Според Славески, ваквите движења ја зајакнуваат преговарачката позиција на купувачите.

– Тоа им оди во прилог на лицата и на домаќинствата што се на страната на побарувачката на станови. Се зголемува нивната преговарачка моќ и тие можат да издејствуваат пониска цена – рече гувернерот.

Народната банка презема мерки за намалување на можноста за презадолженост на граѓаните, но и за да им излезе во пресрет на оние што се најранливи и на кои им е потребно живеалиште.

-Уште минатата година кажав дека становите и куќите, пред сè, треба да бидат објекти за живеење, а дури потоа објекти за инвестирање – нагласи Славески.

Од декември минатата година, кога стапија во сила претходните макропрудентни мерки на Народната банка, застапеноста на кредитите за прво купување дом е зголемена, коишто според гувернерот, учествуваат со 25% во вкупниот број одобрени кредити.

Тој посочи дека врз стабилизирањето на цените на становите влијаат и движењата на доходите и ниската инфлација.

Гувернерот укажа и на појавата што ја забележале со зголемување на роковите за отплата на кредитите по заострувањето на мерките за купување втор и трет стан и оти половина од новоодобрените кредити годинава се со рок на отплата подолг од 25 години. Поради тоа, со најновите мерки, коишто ќе стапат во сила од 1 декември годинава, Народната банка го ограничува максималниот рок на отплата на кредитите за купување втор и следен стан од 30 на 25 години, додека за прво купување стан останува можноста за рок на отплата до 30 години.

Гувернерот нагласи дека побарувачката на кредити и натаму е висока, иако бележи извесно забавување, укажувајќи дека тоа засега не се одразува негативно врз квалитетот на кредитното портфолио на банките.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖