Дрога во форма на бомбони, таблети, гел и други супстанции пронашле царинските службеници на граничниот премин Табановце, при контрола на автомобил со кој германски државјанин и неговиот сопружник влегувале во Македонија.
Запленети се хашиш, амфетамин, МДМА и тетрахидроканабинол (ТХЦ), а контролата била снимена со телесните камери на цариниците.
„Откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони, како и дробилки и вага за прецизно мерење“, соопшти Царинската управа.
Цариниците извршиле и личен претрес на германскиот државјанин, при што откриле дополнителни количини дрога во различни облици.
„Пронајдени се дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја“, се наведува во соопштението.

Осомничениот бил приведен од инспектори на Одделението за истраги. По налог на јавен обвинител било извршено вештачење, со кое бил утврден составот на запленетите супстанции.
Против германскиот државјанин е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Од Царинската управа информираат дека случајот е документиран со телесните камери што институцијата ги добила како донација од Министерството за правда на САД.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
