Background

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА

Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, ја помина македонско-бугарската граница и се наоѓа во Бугарија, објави Ангел Георгиев, претставник на бугарската партија „Преродба“.

Георгиев преку социјалните мрежи соопшти дека успеале да се изборат за нејзиното враќање во Бугарија, по повеќемесечните барања таа да добие можност за лекување таму.

„Ива Михаилова веќе е во Бугарија! Успешно се изборивме за нејзиното враќање! Време беше институциите да си ја завршат работата, откако ги пропуштија првите седум месеци“, напиша Георгиев.

- Advertisement -
Ad image

Објавата доаѓа само неколку дена по средбата во Софија меѓу македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и бугарската министерка Велислава Петрова-Чамова, на која беше отворено и прашањето за Михаилова.

Бугарската страна тогаш побара случајот да се разгледува и од хуманитарен аспект, поради тврдењата за нејзината здравствена состојба. Муцунски посочи дека судската постапка мора да биде одвоена од правото на здравствена заштита и дека извршната власт не може да интервенира во судските одлуки.

По средбата беше соопштено дека постои подготвеност бугарски лекари да дојдат во Македонија и да ја прегледаат Михаилова.

Засега нема официјално соопштение од македонските судски органи за околностите под кои Михаилова наводно заминала во Бугарија, дали е донесена судска одлука со која ѝ е дозволено патувањето и како тоа се одразува врз постапката што се води против неа. На Михајлова, како мерка за претпазливост, од судот ѝ беше одземена македонската патна исправа, но таа има и бугарско државјанство.

Веста дека Михаилова ја преминала македонско-бугарската граница во придружба на адвокатот Николај Димитров од Бугарија утринава ја објави и бугарската БТВ.

Во изјава за медиумот, Михаилова вели дека поради влошената здравствена состојба во која се наоѓа, одлучила да се врати во Бугарија.

– Ја преминавме границата со мојот адвокат. Моето здравје се влоши, тој ме зеде и се вративме во Бугарија без никакви проблеми. На границата ја покажав мојата македонска лична карта. Се чувствувам безбедно во Бугарија. Во Северна Македонија бев репресирана поради моето бугарско потекло и тоа беше една од причините зошто ме обвинија – изјави таа за БТВ

На прашањето дали има намера да се врати во Македонија за судењето, чие следно рочиште е закажано за 9 ноември таа одговори: „Случајот продолжува со или без мене. Ќе видиме како ќе биде“.

Во изјава за БТВ, нејзиниот адвокат Николај Димитров одби да каже на кој граничен премин поминале, велејќи дека не сака да им предизвика проблеми на луѓето кои, според него, им помагале. Тој признава дека нивните постапки може да претставуваат прекршување на мерките кои ѝ се определени на Михаилова, но вели дека според него, правото на лекување било водечки принцип при донесувањето на одлуката.

„Оваа ситуација е неподнослива и ние ја зедовме нашата судбина во свои раце“, изјави нејзиниот адвокат

Во меѓувреме, од бугарското Министерство за надворешни работи објавија дека не биле однапред известени за случајот и тврдат дека не учествувале во организацијата за враќање на младата Ива во Бугарија.

„Адвокатот стапи во контакт со Министерството за надворешни работи непосредно пред својата јавна изјава. Ја разбираме загриженоста на семејството во врска со здравјето на Ива. Најважно сега е таа да ја добие потребната медицинска нега. Бугарија доследно ги поддржуваше напорите Ива да го добие потребниот третман. МНР ќе продолжи да дава помош во врска со случајот во рамките на своите надлежности“, објави бугарското МНР.

Од македонските институции засега нема официјални информации за случајот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖