Филип Ивановиќ, заменик-премиер на Црна Гора за надворешни и европски прашања, соопшти дека Црна Гора денес ќе затвори три преговарачки поглавја на Меѓувладината конференција со Европската Унија (ЕУ) – наместо двете претходно најавени – пренесува RTCG.
Црна Гора досега привремено затвори 18 поглавја.
Ивановиќ ова го оцени како одлична вест за европската интеграција на Црна Гора.
„За разлика од политичките актери кои со недоволна посветеност гласаат за европските закони, одбиваат да ги поддржат неопходните уставни измени и настојуваат на секој можен начин да го забават европскиот пат, Владата својата работа ја извршува одговорно и посветено“, изјави Ивановиќ.
Како што истакна, со затворањето на трите поглавја денес, Црна Гора ќе се приближи чекор поблиску до целта да стане 28-ма членка на ЕУ до 2028 година.

