Background

Скандалите на амбасадорката во Грција ја прелеаја чашата

Американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Марко Рубио размислуваат за отстранување на амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, по серијата објави во кои се тврди дека таа се вклучила во несоодветни и евентуално нелегални активности пред и за време на нејзиниот мандат во Атина.

Висок американски функционер изјави дека Трамп и Рубио се „крајно бесни“ поради извештаите за однесувањето на Гилфојл и веројатно ќе одлучат каква акција да преземат оваа недела.

Функционерот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека Рубио бил особено лут, откако ја посетил Атина минатата недела, а Гилфојл присуствувала на повеќето, ако не и на сите негови настани.

- Advertisement -
Ad image

Во серија статии, „Волстрит џурнал“ објави за сомнителното однесување на Гилфојл, вклучително и наводна закана кон функционер од земјата домаќин, прифаќање несоодветни подароци и услуги и понуда да го искористи своето влијание во администрацијата во замена за плаќање голема сметка за кредитна картичка. Во друг напис се тврди дека таа им рекла на гостите на прием дека САД можат да ја поткопаат грчката влада доколку одлучат да го сторат тоа.

Гилфојл не ги коментираше директно обвинувањата. Нејзиниот адвокат изјави дека таа не направила ништо лошо, а Амбасадата на САД во Атина тивко ја изрази својата поддршка за неа. Откако го бранеше Гилфојл по првата статија, Рубио одби јавно да коментира за зачестените обвинувања. Во средата тој само кратко изјави „Нашиот амбасадор тука работи добро“.

Откако доцна во средата се појави уште една статија, Рубио ги прекори новинарите кои го прашаа за обвинувањата пред да ја напушти Атина. Тој рече дека не знае дали се вистинити и дека нема да одговори ако не може да ги потврди.

Американскиот функционер рече дека фрустрацијата на Рубио растела како што се зголемувал бројот на објави со обвинувања на адреса на Гилфојл.

Во меѓувреме, двајцата врвни демократи во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом и Комитетот за надворешни односи на Сенатот веќе побараа истрага за постапките на Гилфојл.

Стејт департментот одби да коментира за можна истрага од страна на генералниот инспектор.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖