Background

Вкупно 11 лица загинаа, а 27 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа туристички автобус и возило за помош на патиштата во близина на градот Маниса, во западна Турција

Вкупно 11 лица загинаа, а 27 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа туристички автобус и возило за помош на патиштата во близина на градот Маниса, во западна Турција, јави турската телевизија НТВ.

Несреќата се случила претпладнево околу 11 часот, кога туристичкиот автобус на компанијата „My World Tur“ се судрил со возилото за помош на патиштата на автопатот Гебзе–Орхангази–Измир, во близина на наплатните рампи кај градот Акхисар, во областа Маниса. Според медиумските извештаи,  од силината на ударот, автобусот се превртел, а камионот излетал од патот.

По добиената пријава, на местото на несреќата испратени се повеќе амбулантни возила, противпожарни екипи и полициски тимови, по што повредените веднаш биле пренесени во болница.

- Advertisement -
Ad image

 

Едно од повредените лица е во критична состојба, изјави гувернерот на Маниса, Вахдетин Јозкан. Тој додаде дека Јавното обвинителство веќе започнало истрага за причините за несреќата.

„Според првичните информации, 11 наши сограѓани загинаа, а 26 се повредени во сообраќајна несреќа во областа Акхисар во Маниса. Екипите на AFAD, полицијата, жандармеријата, противпожарната служба и итната медицинска помош (112) веднаш беа упатени на местото на настанот и започнаа со интервенција. Внимателно ја следиме ситуацијата заедно со сите надлежни институции. Се молам на Бога за милост кон нашите сограѓани кои ги загубија животите, за трпение и сочувство до нивните семејства, како и за брзо закрепнување на повредените. Нека Бог ја заштити нашата земја и нашиот сакан народ од секаков вид несреќи и катастрофи“, напиша министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи на социјалните мрежи.

Засега нема официјални информации за идентитетот и држајанството на патниците во автобусот, а подоцна се очекува да бидат објавени имињата на загинатите и на повредените лица.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖