Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на мастерс турнирот во Шангај откако во мечот од 2. коло загуби од полскиот тенисер Хуберт Хуркач со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3) за 87 минути игра. Ова беше прва победа за Хуркач во меѓусебните мечеви со Ѓоковиќ, кој има скор 8-1.
Ѓоковиќ пред неколку дена успеа да триумфира на турнирот во Пекинг и кусиот период за одмор меѓу двата турнира придонесе за послабото издание на српскиот тенисер на турнирот во Шангај. Во првиот сет Хуркач направи брејк во 10. гем и со тоа го освои сетот, додека во вториот сет брејкот го направи во четвртиот гем за водство од 3:1 што се покажа како клучно.
Хуркач во следното коло ќе игра со победникот од мечот меѓу Мусети Лоренцо Мусети (Италија) и Ји Жу (Кина). Ѓоковиќ следниот настап ќе го има на турнирот во Ријад од 21 до 24 октомври.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
