Background

Годинава дури 22% од целата електрична енергија во земјава била тргувана преку МЕМО

Иако уште немаме до крај либерализиран пазар на струја, сепак производителите се почесто ја користат берзата на електрична енергија. Годинава дури 22% од целата електрична енергија во земјава била тргувана преку МЕМО. Во пари, за првите 9 месеци од годинава тоа се 241 милион евра обрт. Берзата не ја одредува крајната цена на струјата што ја плаќаат потрошувачите, но преку зголемена конкуренција помага таа да не стане превисока, објаснува во интервју за МИА првиот човек на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски.

За илустрација, на пазарот на електрична енергија на големо активно работат околу 20 снабдувачи и најмалку уште толку трговци со електрична енергија кои го нудат своето портфолио на потрошувачите. Тоа претставува своевиден пазарен механизам на контрола на профитните маржи и овозможува заштита на потрошувачите од нереално зголемени трошоци на сметка на заработувачката кај трговците и снабдувачите со електрична енергија – вели тој.

Она што е интересно е дека МЕМО, размислува да воведе т.н. негативни цени, кои често се врзуваат со производство од обновливи извори.

- Advertisement -
Ad image

-Кога цената оди под нула, пазарот сигнализира дека во тој момент има вишок електрична енергија и дека е потребно или да се намали производството, или да се зголеми потрошувачката, односно да се активира флексибилноста и складирањето. Од тој аспект, сметам дека негативните цени се корисен инструмент доколку се дел од добро организиран и конкурентен пазар – вели Ѓорѓиевски.

Според него, за производителите од обновливи извори ваквите цени можат да бидат дополнителен поттик за попрецизно планирање и активно управување со производството. Особено кај соларните електроцентрали, каде што најголемото производство се случува во часовите со најмногу сончева енергија, може да се појават периоди со зголемена понуда и пониски цени. Во такви услови, производителите ќе имаат поголем мотив да инвестираат во флексибилност, складирање на енергија и подобро управување со своите позиции.

Кај новите инвестиции, негативните цени не значат дека треба да се забави развојот на обновливите извори. Напротив, тие испраќаат сигнал дека идниот развој на производните капацитети треба да оди паралелно со развојот на флексибилноста на системот – батериски системи за складирање, управување со потрошувачката и подобро балансирање на производството.

Кога цената оди под нула, пазарот сигнализира дека во тој момент има вишок електрична енергија и дека е потребно или да се намали производството, или да се зголеми потрошувачката, односно да се активира флексибилноста и складирањето.

Од тој аспект, сметам дека негативните цени се корисен инструмент доколку се дел од добро организиран и конкурентен пазар.

Европското искуство покажува дека негативните цени веќе стануваат сè почест дел од пазарната динамика. Затоа и за македонскиот пазар е важно да имаме механизам кој реално ќе ги одразува условите на понудата и побарувачката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖