Background

СОФИЈА ПОТВРДИ, ЌЕ ИМА БИЛАТЕРАЛКА МЕЃУ МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА

Софија во текот на вчерашниот ден испрати официјална потврда дека утре ќе има билатерална средба меѓу македонскиот и бугарскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова Чамова, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Во дипломатската нота стои дека форматот и начинот дополнително ќе бидат одредени. Утре ќе има средба, дали ќе буде „пул а сајд“, дали ќе биде на маргините на самитот за Коридорот 8, ќе видиме како тоа ќе го организира домаќинот. Нашите пораки се јасни – само со дијалог можеме да дојдеме до решение за состојбата во која се наоѓаме во моментот. Ние сме за добрососедски односи и сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел да бидеме дел од Европската Унија, што е нешто што многу одамна го заслуживме – рече Мицкоски.

На новинарско прашање за коментар за плановите на Европската комисија да ги измени правилата за проширување на ЕУ така што некоја земја ќе може да стави вето единствено на крајот на преговорите за членство, премиерот Мицксоки одговори дека е очигледно дека во Брисел состојбата е препознена.

- Advertisement -
Ad image

– Препознаено е дека некои земји членки го злоупотребуваат своето членство во ЕУ и се обидуваат да излезат надвор од рамките на пристапувањето по заслуга и преку своето членство да решаваат некои прашања кои немаат никаква врска со европските вредности. И тоа е препознаено, ако се сеќавате, јас дадов една изјава во јуни во Тиват по средбите со германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон – рече Мицкоски.

Она што охрабрува е постепената интеграција, во која ние како земја ќе имаме големи шанси, додаде тој.

– Во суштина, кога сè ќе анализирате, ќе дојдете до заклучок дека 3 услови треба да бидат исполнети за да почне процесот на постепена интеграција. Првиот услов ќе биде посебен за секоја држава, тоа ќе бидат одредени реформи кои државата ќе треба да ги направи, а кои допрва ќе се усогласуваат. Вториот услов е да имате заедничка безбедносна и одбранбена политика, нешто што, како што кажа и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, ние како држава први го направивме и веќе сме усогласени. Третото е во делот на системот за јавни набавки, реформа која ние во текот на следната недела ќе ја усвоиме во Парламентот. Од трите, две имаме, а за првото чекаме што е тоа што за нас како држава ќе биде доставено од ЕК – рече Мицкоски.

Ние сè ќе сториме за да го исполниме тоа и да почне градуалната, постепената интеграција, додаде премиерот.

– Накратко, очигледно е дека во ЕУ препознаа и се обидуваат со ваков маневар да овозможат кандидатите да дојдат до фаза да бидат членки. Тоа е многу слично како нашето барање,  промената на Уставот да стане апликабилна оној момент кога ние ќе ги завршиме преговорите – рече Мицкоски.

Во врска со критиките од опозицијата дека оваа Влада не прави ништо за евроинтеграциите, премиерот рече дека се обидува да не ја коментира опозицијата.

– Раководството на опозицијата не се занимава со државна политика, се занимават со лични напади кон мене. Не сакам да коментирам вакво незрело однесување. Ќе кажам низ една реченица – ќе дојде ден кога ќе се срамат за тоа што денеска им го прават и на граѓаните и на Македонија – порача премиерот Христијан Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖