Background

Нов момент во сагата за поранешниот принц и војвода од Јорк

Кралот Чарлс му порачал на својот брат Ендру Маунтбатен-Виндзор дека парите што ги добива од неговите приватни средства не смее да ги користи за финансирање на правната битка против полицијата.

Поранешниот принц и војвода од Јорк започна правна постапка против полицијата на Темз Вали, барајќи судска ревизија на законитоста на налогот за претрес на неговите имоти, издаден пред неговото апсење во февруари годинава. Судењето, односно првото рочиште во постапката, е закажано пред Високиот суд во Лондон.

Од Бакингемската палата било порачано дека правната одбрана на Ендру е негова лична работа и дека кралот нема никаква улога во стратегијата или постапките на неговиот адвокатски тим. Сепак, извор близок до палатата потврдил дека Чарлс јасно ставил до знаење оти финансиската поддршка што му ја дава на брат му не смее да се користи за оваа судска постапка.

- Advertisement -
Ad image

Ендру и понатаму добива годишен износ од приватните средства на кралот, но сумата не е официјално објавена. Тоа не се пари од јавниот буџет на монархијата, туку од приватните средства на Чарлс.

Правната битка на Ендру се однесува на претресите што полицијата ги изврши во февруари, откако тој беше уапсен на својот 66. роденден под сомнение за злоупотреба на јавната функција. Полицијата го испитува поради наводи дека, додека бил британски трговски претставник, можеби споделувал чувствителни владини информации со Џефри Епстин. Ендру не е обвинет и постојано негира дека сторил нешто незаконско во врска со Епстин.

Неговите адвокати сега се обидуваат да ги оспорат налозите врз основа на кои биле претресени неговиот поранешен дом „Ројал Лоџ“ во Виндзор и имотот „Марш Фарм“ на кралскиот имот Сандрингам. Доколку судот утврди дека налозите биле незаконски издадени, тоа би можело да има последици и врз доказите што евентуално би се користеле во понатамошна постапка.

Во меѓувреме, полицијата на Темз Вали потврди дека истрагата за злоупотреба на јавната функција продолжува, но одби да даде дополнителни детали бидејќи правната постапка е во тек.

Ова е особено необичен потег и од правен аспект – според извештаите, станува збор за прв случај по повеќе од три века во кој член на британското кралско семејство се обидува преку суд да оспори законитост на кривична постапка што се води против него.

Ендру во октомври 2025 година ги загуби своите кралски титули и почести, а беше принуден да го напушти и „Ројал Лоџ“. Сега живее на имотот Сандрингам, кој е во сопственост на кралот Чарлс.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖