Background

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР

Вработена во Министерството за внатрешни работи ја користела сопствената шифра за пристап до електронскиот систем на министерствот за незаконско додавање возачки категории, по што биле одобрувани барањата и издавани возачки дозволи.

Т.С. веќе е суспендирана по претходно поднесена кривична пријава, а сега Внатрешната контрола во МВР ќе поднесе и предлог за дисциплинска постапка.

МВР поднесе кривична пријава против вработената и уште пет лица поради сомнение за фалсификување исправи.

- Advertisement -
Ad image

„Кривична пријава е поднесена против шест лица, и тоа Т.С., вработена во МВР на работно место ‘помлад советник за патни исправи’ во Одделението за управни работи Скопје, како и против Б.А., С.Н., Ј.А., М.А. и Ф.А.“, објави МВР на Фејсбук.

Според пријавата, шемата функционирала од почетокот на 2025 година до 24 август 2026 година. Вработената Т.С. се сомничи дека интервенирала во постапките за издавање возачки дозволи на четири од пријавените лица.

„Искористувајќи ја својата шифра, во електронскиот систем незаконски извршила промена, односно додавање на возачки категории за кои наведените лица не ги исполнувале законски пропишаните услови за нивно стекнување“, наведува Министерството.

По промените во системот, според МВР, Т.С. ги одобрувала барањата, а потоа биле издавани и возачките дозволи со незаконски додадените категории.

Во случајот, според кривичната пријава, имало и посредник. Б.А. се сомничи дека бил во договор и комуникација со вработената и посредувал при издавањето дозволи за М.А. и Ф.А.

„Иако знаел дека наведените лица не ги исполнувале законски пропишаните услови за нивно стекнување“, Б.А. со умисла посредувал во постапките за фалсификување, соопшти МВР.

Останатите четворица, пак, се сомничат дека знаеле дека не ги исполнуваат условите за конкретните категории, но сепак поднеле барања за возачки дозволи. Потоа, според МВР, во нивните барања биле додавани категории за кои немале законски услови.

Една од спорните дозволи не останала само во системот и документите. Еден од пријавените ја употребил незаконски додадената категорија и надвор од земјата.

„Ја искористило возачката дозвола со незаконски додадена ‘А’ категорија и управувајќи мотоцикл ја преминал државната граница“, наведува МВР, додавајќи дека лицето знаело оти исправата има невистинита содржина.

Против Т.С. се наведени основи на сомнение за четири кривични дела „фалсификување исправа“. Останатите пет лица се опфатени со пријавата за шест кривични дела „фалсификување исправа“ во соизвршителство, а пријавено е и едно дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Случајот го откри Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, кој кривичната пријава ја доставил до Основното јавно обвинителство Скопје.

Внатрешната контрола ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност против вработената.

Суспензијата на врботената Т.С. важи до завршувањето на дисциплинската постапка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖