Кенија го регистрираше својот прв случај на ебола; вирусот е потврден кај лице кое живеело во Демократска Република Конго и пристигнало во Најроби во саботата, но во меѓувреме починало, соопшти денеска кенискиот министер за здравство, Аден Дуале.
Според министерот, идентификувани се 28 лица со кои пациентот имал контакт по пристигнувањето во Најроби – вклучително и членови на семејството и здравствени работници – пренесува Ројтерс.
Епидемија на ебола беше прогласена во Конго во средината на мај, иако таа можеби започнала и неколку месеци претходно, а напорите за нејзино сузбивање досега беа неуспешни.
Во таа централноафриканска земја се регистрирани повеќе од 8.000 случаи на ебола и над 4.000 смртни случаи.
Еболата се прошири и во Уганда, каде што беа регистрирани 20 случаи и два смртни исхода; сепак, Светската здравствена организација во август прогласи дека земјата е ослободена од ебола.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
