Денес истекува рокот од 60 дена за избор на претседател на Косово, согласно одлуката на Уставниот суд на Косово; доколку не се избере претседател, Собранието ќе биде распуштено и ќе следат нови парламентарни избори.
Според одлуката на Уставниот суд, новите избори мора да се одржат во рок од 45 дена по распуштањето на Собранието.
Прашањето за изборот на претседател беше во центарот на политичките случувања во Косово во последните недели – заедно со протестите во врска со пресудата против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово – но политичките партии не успеаја да постигнат договор за кандидат.
Премиерот на Косово, Албин Курти, и лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Лумир Абдиџику, се беа договориле Беким Сејдиу да биде кандидат за претседател; сепак, група пратеници од ЛДК се спротивставија на тоа, по што Сејдиу ја повлече својата кандидатура.
Во меѓувреме, Бедри Хамза, еден од лидерите на Демократската партија на Косово (ПДК), повика на гласање за измените на Законот за Специјализираните комори во две читања, по што би следела дискусија за изнаоѓање консензуален кандидат за претседателската функција.
Предлог-законот за измена на Законот за Специјализираните комори вчера беше усвоен во прво читање, но во моментов нема договор во врска со изборот на претседател.
Tagged as:
Истекува рокот од 60 дена за избор на претседател на Косово
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
