Железничката линија за големи брзини што Турција ја гради кон Бугарија стигна до границата со завршувањето на делницата од Черкезќој до Капикуле, пренесува весникот „Туркие“.
Делницата долга 153 километри ќе биде свечено пуштена во употреба на 9 октомври, на церемонија на која ќе присуствува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Ја прошируваме нашата мрежа на возови за големи брзини сè до европската граница. Со пуштањето во употреба на оваа линија, ќе ги интегрираме градовите Текирдаг, Киркларели и Едирне во нашата мрежа на железници за големи брзини, со што ќе ја донесеме удобноста на брзите возови во регионот Тракија – изјави министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу.
Линијата за големи брзини, наменета за патнички и товарен сообраќај, која го поврзува Истанбул со бугарско-турската граница, се гради од 2019 година со заедничко финансирање од Турција и од ЕУ. По неа возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час.
Откако ќе заврши изградбата на целосната железничка линија од Истанбул до Едирне, времето на патување за патниците на оваа релација ќе се намали од 4 часа на час и половина, додека времето за транспорт на товар ќе се скрати од 8 и пол часа на 3 и пол часа.
– Градежните работи на преостанатите делници од линијата за големи брзини Халкал1–Капикуле продолжуваат – изјави министерот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
