Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. И во Скопје и околината времето исто така ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утрото ќе биде ладно со зимски температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени. Максималните дневни температури пак ќе биде касно летни, односно ќе имаме мини лето во текот на денот со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 5 степени а максималната температура ќе се искачи до околу 25 степени.
И следните денови ќе имаме слично време. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Ќе дува ветер од променлив правец. И температурите ќе бидат слични со максимални 28 степени. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
