Првото полувреме од фудбалскиот натпревар од Лигата на нациите меѓу Македонија и Шкотска ќе се памети по кучето кое се појави на теренот на стадионот во Скопје. Настанот ги изненади, но и ги насмеа фудбалските фанови.
Шкотска води со 1-0 по првото полувреме на гостувањето во Скопје со голот на Киеран Боуви во 7-ма минута.
Шкотите имаа уште неколку шанси за 2-0, но Муслиу и Димитриевски спречија наша поголема негатива.
Селекторот Гоце Седлоски не беше задоволен од случувањата на теренот, па веќе во 30-та минута ги извади од игра Лука Станковски и Себастијан Ерера кои веројатно се почувствуваа понижени на јавна сцена.
Пред почетокот на натпреварот капитенот на македонската репрезентација Енис Барди со подарок дрес му го честиташе 100-тиот настап во дресот на Шкотска на колегата од спротивниот табор Енди Робертсон.

