Овоштарите и оваа година, по кој знае кој пат, се на колена. Цената на јаболкото е максимум 14 денари за прва класа и 4 денари по килограм за индустриско јаболко, но и за овие цени нема откуп.
Причините се многу, но главната е недостигот на државна стратегија и неажурноста, како на Министерството за земјоделие, така и на Министерството за надворешни работи.
Руската Федерација беше долгогодишен пазар за македонското јаболко. Со одлуката на Владата да воведе санкции против Русија, следуваа реципрочни санкции и овој значаен пазар се изгуби.
Пред една година започна постапка за намалување на царините со Египет, во која трговците со јаболко видоа голема можност за пласман. Владата на Египет донесе одлука за царинско олеснување за Северна Македонија, но македонската Влада не го ратификуваше договорот, со што надежта за пласман пропадна.
Сега дел од трговците се обидуваат јаболкото да го продадат во Египет преку Албанија, како јаболко со албанско потекло, но тоа носи додатен трошок од над 20 евро центи по килограм. Иста шема се применува и за извоз на македонско јаболко во Русија, преку фирми од Србија, кои повторно земаат над 20 евро центи по килограм за печат на извозната декларација.
Од друга страна, фирмите кои досега вршеа откуп на индустриско јаболко, поради големите залихи на јаболкова пулпа и неможноста за нејзин извоз, оваа година драстично го намалија откупот.
Овоштарите немаат излез.
С.Д.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
