Background

Муцунски следната недела патува во Софија

По совет на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен Македонија ќе побара билатерална средба на ниво на министри за надворешни работи со Бугарија – информираше премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес конференција со фон дер Лајен во Скопје, која престојува во еднодневна посета на Македонија.

Мицкоски рече дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски следната недела патува во Софија во рамки на соработката и проектите поврзани со Коридорот 8.

– Претседателката фон дер Лајен советуваше да побараме од домаќинот средба на билатерална основа. Јас веднаш побарав од министерот да испрати дипломатска нота и да побара време за средба и состанок со неговата колешка и да почнеме процесот од некаде да го движиме – рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Владата изјави дека европската определба на земјата останува непроменета, но побара процесот на пристапување кон ЕУ да биде фер, предвидлив и заснован на јасни правила.

– Нашата определба како држава е јасна и останува непроменета. Сакаме да бидеме дел од Европската Унија и посветено работиме на таа цел – рече тој.

На средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, биле разгледани реформите, динамиката на пристапниот процес и предизвиците што со години го оптоваруваат европскиот пат на земјата.

Премиерот посебно се осврна на односите со источниот сосед, истакнувајќи дека спорните прашања треба да се решаваат преку дијалог, добра волја и заемно почитување. Според него, ЕУ треба да помогне во создавањето услови за одржливо решение.

– Не бараме од Унијата да заземе страна, туку да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите, а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања – рече тој.

Тој порача дека секое решение треба да гарантира дека со неговото исполнување се затвора една фаза и се отвора патот кон следната, без нови толкувања и дополнителни барања.

– Ако од нас се очекуваат одлуки со долгорочни последици, тогаш е оправдано да очекуваме и јасна европска перспектива за она што следува потоа – истакна премиерот.

Во говорот тој нагласи дека европскиот пат не се сведува само на политичките прашања, туку и на реформите дома – владеењето на правото, јавната администрација, деловната клима, дигитализацијата и образованието.

Позитивната оценка на Европската комисија за спроведените реформи, според него, овозможила продолжување на користењето средства од Планот за раст.

Како важен дел од постепената интеграција во европскиот простор го посочи пристапот до единствениот пазар, економските можности, инфраструктурната поврзаност и инвестициите. Коридорот VIII го наведе како пример за претворање на европската интеграција од политичка цел во конкретна инфраструктурна и економска поврзаност.

– Нашата амбиција е јасна: додека разговараме за членството, дома да изградиме држава која според своите институции, стандарди и економски можности веќе функционира како европска држава – порача тој.

Во завршницата премиерот оцени дека посетата на фон дер Лајен е чекор кон поголема доверба и поконкретна соработка со ЕУ, изразувајќи очекување за поголема вклученост и јасна политичка волја за напредок во европскиот процес.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖