Том Круз се присети на средбата со принцезата Дијана и нејзиниот син, тогаш малиот принц Вилијам, кои го посетиле снимањето на првиот филм „Невозможна мисија“. Актерот со топли зборови зборуваше за покојната принцеза и за момчето кое подоцна ќе стане британски престолонаследник, откривајќи дека со Вилијам се познава веќе со децении.
Во гостувањето во емисијата „The Jennifer Hudson Show“, Круз потврди дека Дијана го донела Вилијам на снимањето на филмот во 1996 година.
– Да… претпоставувам дека тој зборувал за тоа, па во ред е. Јас сум секогаш многу дискретен кога станува збор за луѓето. Беше прекрасно. Тоа беше првата ‘Невозможна мисија’ – раскажа актерот.
Потоа со насмевка се присети на мајката и синот:
– Боже, колку беше прекрасна таа, а и тој беше прекрасен. Беше многу љубезен кон сите, а сепак беше само дете. Воспитан и забавен. Забавен, истата личност, истиот човек.
Круз повторно се сретна со Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон на премиерата на својот нов филм „Digger“ во Лондон на 22 септември. Кралската двојка седела до него за време на проекцијата, а актерот откри дека многу се смееле и дека биле срдечни и пријатни.
– Беа толку љубезни, им се допадна филмот. Прекрасно беше што дојдоа. Тие се толку елегантен и харизматичен пар – рече тој.
За Кејт имаше и посебен комплимент:
– Како што реков, Вилијам добро избрал. Таа е прекрасна, прекрасна, прекрасна – изјави Круз, осврнувајќи се на бракот на принцот со принцезата од Велс.
Актерот додаде дека го цени и нивниот ангажман:
– Она што го прават за својата земја и за светот е прекрасно. Според него, и двајцата се приземни луѓе, и покрај нивната кралска улога.
Круз и претходно имал средби со кралското семејство. Во 2022 година ги поканил Вилијам и Кејт на приватна проекција на „Топ ган: Маверик“, откако дознал дека принцот го сака оригиналниот филм од 1986 година. Тогаш Круз рекол дека имаат многу заеднички работи: ја сакаат Англија и двајцата се пилоти и уживаат во летањето.
Неговата врска со Дијана датира уште од 1992 година, кога со тогашната сопруга Никол Кидман се сретнале со неа на лондонската премиера на филмот „Far and Away“. Пет години подоцна, Круз и Кидман присуствувале и на погребот на принцезата, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во август 1997 година.
Во неодамнешно интервју за францускиот новинар Лоран Делахус, Круз ја опишал Дијана како „брилијантна и интелигентна жена“ и рекол дека му било радост што ја познавал. Според него, таа била слична на Вилијам и Кејт – непосредна и приземна.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
