Background

Славески смета дека треба да се засилат реформите во доброто управување

Проценките покажуваат дека комбинацијата од реформи во областите на пазарот на трудот, човечкиот капитал, деловното окружување и доброто управување има потенцијал да го зголеми БДП на земјава за околу 14%, доколку се затвори половина од јазот којшто постои во однос на водечките економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Ова го изјави гувернерот на Народната банка Трајко Славески на Годишната меѓународна конференција „Координација на политиките за конвергенција кон ЕУ: фискален простор и монетарно закотвување во услови на забрзана интеграција”, којашто се одржа во Кишињев, Молдавија.

Славески оцени дека реалното приближување на земјите од Западен Балкан сѐ уште е бавна и дека структурните реформи се од суштинско значење за зајакнување на потенцијалот за раст и за побрзо економско приближување кон Европската Унија.

- Advertisement -
Ad image

Славески нагласи дека воспоставената и долго одржувана макроекономска стабилност создаде цврста основа за развој на нашата економија, додека зголемената трговска отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го променија економскиот и извозниот профил на земјата.

– Во 2025 година, трговската отвореност достигна околу 130% од БДП, што претставува речиси двојно зголемување во споредба со раниот период на транзицијата – рече Славески.

Во однос на потребната реформска агенда, тој посебно ги издвои институционалните реформи и реформите во областа на доброто управување.

– Владеењето на правото, ефикасноста на институциите и поголемата предвидливост ќе ја подобрат инвестициската клима, ќе ја зајакнат ефикасноста на јавните политики и ќе ги зголемат ефектите од инвестициите во човечкиот капитал и приватниот сектор – оцени Славески.

Гувернерот посочи дека подлабоката интеграција во Единствениот пазар на ЕУ може да послужи како важен катализатор за нашиот процес на конвергенција.

– Во овој поглед, Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан обезбедува сеопфатна рамка за унапредување на оваа интеграција, комбинирајќи поблиска интеграција во единствениот пазар, подлабока регионална интеграција преку заедничкиот регионален пазар, забрзани реформи и финансиска поддршка – рече Славески.

Како конкретен пример за непосредните економски придобивки од интеграцијата Славески го посочи членството на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА).

– За граѓаните, трошокот за испраќање 500 евра е намален за шестпати во споредба со претходните кореспондентски банкарски аранжмани, додека за компаниите трошокот е околу осумпати понизок за трансакција од 20.000 евра. Вкупните заштеди од пониските банкарски провизии се проценуваат на околу 5 милиони евра во првата година. Во тек се и оперативните подготовки за воспоставување на клонот ТИПС, кој ќе обезбеди инфраструктура за инстант плаќања којашто ќе биде компатибилна со таа на ЕУ и ќе овозможи побрзи и поефикасни платежни трансакции -рече Славески.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖