Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во САД.
„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство“, напиша Мицкоски покрај фотографијата.
Мицкоски претходно откри и дел од пораките што, според него, Трамп ги испратил за време на приемот, како и во говорот на Генералното собрание на Обединетите нации.
Премиерот рече дека Трамп посочил оти во моментот нема договор со Иран и дека се очекува да завршат изборите во САД. Според Мицкоски, американскиот претседател потсетил дека самиот не се кандидира на тие избори, кои се однесуваат на избори за Сенатот и Претставничкиот дом.
– Тој има уште две и пол години, ако нема договор, уште повеќе ќе ги засили воените дејства. Многу работи се случуваат во светот кои на нас треба да ни бидат индикатор како ние да ја градиме нашата политика. Имаме јасна стратегија и план – рече Мицкоски.
Во рамки на посетата во Њујорк, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, присуствуваше и на прием организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на Генералното собрание на ОН.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
