Денеска во Охрид официјално беше отворен Дневен Центар за стари лица. Овој крупен проект е на Општина Охрид, Светска Банка и Мнистерството за социјална политика, демографија и млади. Носител на проектот е Здружението на граѓани ВОПС.
На свеченоста, пред присутните за значењето на проектот зборуваше градоначалникот, Кирил Пецаков.
– Ветеното станува реалност. Денес, на Меѓународниот ден на Стари лица имам особена чест да присуствувам на важен настан за нашиот град – официјалното отворење на Дневниот центар за стари лица.
Ова не е само отворање на нов објект. Ова е конкретен чекор напред во нашата заедничка мисија да изградиме хумано, топло и грижливо општество. Нашите постари сограѓани го градеа Охрид, ги воспитуваа генерациите пред нас и со својот труд го дадоа темелот на сето она што денес го имаме. Затоа, наша должност и морална обврска е да им обезбедиме достоинствени услови, исполнети денови, почит и грижа какви што заслужуваат.
Новиот Дневен центар е замислен како место каде што нашите повозрасни сограѓани ќе може да се дружат, да учествуваат во разни рекреативни и едукативни активности, да добиваат соодветна поддршка и, најважно од се, да не се чувствуваат осамено. Овој простор е можност за заедничко и квалитетно поминато време, муабетење и релксирање.
Овој значаен прокект е реален пример за тоа што се можеме да постигнеме кога соработката е заснована на заедничка визиј. Благодарност до Светска Банка и до Министерството за Социјална политика, демографија и млади кои со финансиски сретства од 1. 250. 919 денари овозможија денес вратите на овој дневен центар да се отворат. Општина Охрид како кофинансиер учествуваше со 438.000 денари. Просторот е на општината, наша обврска се и трошоците за месечните комунални сметки, а за превоз на корисниците обезбедивме и комбе 8+1.
Дневниот центар има соба за дневен престој, кујна, соби за рекреација и за стручни тимови и три тоалети. Дневниот центар ќе биде отворен во период од 8 до 16 часот и во моментов е посетуван од 30 корисници, а секако очекуваме овој број да се зголемува во иднина. За секој ден од неделата предвидени се различни и интересни содржини за оваа категорија луѓе од спортски, рекреативен, културен и социјален карактер.
Општина Охрид ќе продолжи и во иднина да вложува во социјални услуги, во проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на сите генерации и кои го прават нашиот град подобро и потопло место за живеење.
На сите сегашни и идни корисници на овој Центар им посакувам многу здравје, убави моменти и денови исполнети со насмевка и спокој.
Нека ни е честит и со среќа Дневниот Центар јас би рекол не за стари, туку за повозрасни лица- рече градоначалникот Пецаков.
Просторот во кој е сместен центарот е во целосна сопственост на Општина Охрид.


Јавете се во Општина Охрид или пријавете проблем:
Tagged as:
ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА СЕ ОТВОРИ ВО ОХРИД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
