Background

Битолското обвинителство поднесе обвинение против петмина лекари поради несовесно лекување што резултирало со смртен исход на пациентка

Битолското обвинителство поднесе обвинение против петмина лекари поради несовесно лекување што резултирало со смртен исход на пациентка.

Врз основа на спроведена претходна постапка и обезбедени докази, поднесен е Обвинителен предлог против петмина лекари-интернисти од битолската клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ за сторени – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Тие се обвинети дека во периодот од 28.05.2024 до 04.06.2024 година, на Одделот за интерни болести во болницата, несовесно лекувале 40-годишна пациентка, со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба кое резултирало со смртен исход.

- Advertisement -
Ad image

Пациентката се јавила во болницата по претходен преглед и упат од матичен лекар, кој изразил сомнение за воспаление на вените – тромбофлебитис. Но, по почетниот преглед на интерното одделение, без целосна анамнеза и детални анализи, ѝ била поставена дијагноза – ревматоиден артритис и ѝ била дадена терапија, по што била пуштена дома.

Како резултат на тоа, не била навремено утврдена вистинската здравствена состојба на оштетената, односно не била откриена и дијагностицирана тромбозата, ниту била навремено преземена соодветна терапија и лекување за таквата состојба, со што била пропуштена реална можност за навремено откривање и лекување на тромботичниот процес кај оштетената, за спречување или ограничување на напредувањето на тој процес, како и на последователното влошување на нејзината здравствена состојба.

На 01.06.2024 година пациентката со силни болки во стомакот и влошена општа состојба повторно се јавила на преглед во болницата. Иако тогаш била хоспитализирана, во следните четири дена, и покрај абнормалните вредности на лабораториските и биохемиските анализи, ниту еден од дежурните лекари не презел дополнителни дијагностички испитувања со цел да се испитаат причините и да се одреди соодветна терапија.

Затоа здравствената состојба на оштетената продолжила значително да се влошува. Попладнето на 04.06.2024 година, таа побарала медицинска помош во приватна клиника во Скопје, каде била примена во тешка општа состојба. При итно извршениот хируршки зафат ѝ била констатирана тромбоза на горната и долната мезентерична артерија со комплетна гангрена на тенкото и дебелото црево. Таа состојба веќе била неоперабилна и на 05.06.2024 година оштетената починала.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖