Background

КРЕМЉ НЕГИРА ДОГОВОР СО ТРАМП ЗА ЗАТВОРЕНИЦИ

Кремљ негира дека Москва и Вашингтон разговарале за можноста за олеснување на американските санкции кон Русија во замена за ослободување на затвореници кои САД ги сметаат за политички затвореници.

– Не, тоа не беше дискутирано – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање за написот во американското списание „Атлантик“, според кој администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за ублажување на санкциите во замена за ослободување на одредени затвореници во Русија.

Песков истовремено категорично ја отфрли и самата формулација дека во Русија има политички затвореници.

- Advertisement -
Ad image

– Категорично го отфрламе постоењето на какви било политички затвореници и сметаме дека ваквата формулација на прашањето е целосно несоодветна – изјави тој.

Сепак, портпаролот на Кремљ потврди дека руските и американските разузнавачки служби продолжуваат да одржуваат редовни контакти во врска со размената на затвореници, како што тоа се случувало и претходно.

Претходно, „Атлантик“ објави дека Вашингтон разгледува план според кој Русија би ослободила одредени затвореници во замена за ублажување на дел од американските санкции, со што би можел да се отвори простор и за обновување на одредени економски односи меѓу двете земји. Според написот, предлогот до Трамп го доставил неговиот специјален пратеник Џон Коул.

Коул претходно учествуваше во преговорите со Белорусија, каде што Вашингтон постигна договор со Минск за ослободување на стотици затвореници во замена за олеснување на санкциите. Според „Атлантик“, токму тој модел се разгледува како можна основа за пристап кон Москва.

Според извештајот, иницијативата сè уште е во рана фаза и е замислена како дел од пошироките напори на Вашингтон да го придвижи застојот во односите со Москва и да создаде простор за економска соработка.

Кремљ, сепак, јасно стави до знаење дека таквата размена не е предмет на разговори со американската страна. Песков нагласи дека прашањето за олеснување на санкциите во замена за ослободување затвореници воопшто не се разгледува во Москва.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖