Швајцарската фудбалска федерација (СФВ) ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА.
Откако во јуни ја поддржа неговата кандидатура, Извршниот одбор на СФВ на состанокот одржан на 25 септември донел одлука да ја повлече поддршката за швајцарско-италијанскиот фудбалски функционер, објави „Reuters“.
„Одлуката е донесена по темелна повторна проценка на случувањата во изминатите неколку месеци“, соопшти СФВ.
Од федерацијата дополнително наведоа дека од нивна перспектива, повеќе настани отвораат суштински прашања во врска со лидерството, управувањето, транспарентноста и процесите на донесување одлуки во ФИФА. Според СФВ, клучните прашања во врска со одговорностите на ФИФА и процесите на одлучување сè уште не се убедливо разјаснети, поради што не можат да го оправдаат продолжувањето на поддршката за кандидатурата на Инфантино.
Инфантино бара трет мандат на функцијата претседател на ФИФА, а изборите се закажани за 18 март 2027 година во Рабат, Мароко.
Повлекувањето на поддршката од швајцарската федерација доаѓа откако и повеќе други европски фудбалски федерации се откажаа од поддршката за Инфантино, меѓу кои Англија, Велс, Франција и Србија.
Инфантино се соочи со зголемена опозиција по планот за привлекување приватни инвеститори во комерцијалните права на натпреварувањата на ФИФА, вклучително и на Светското првенство. Планот беше повлечен во јули по силниот отпор од европските и други фудбалски федерации.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
