Иран доби официјален одговор од САД на својот најнов предлог за завршување на војната на Блискиот Исток, соопшти денеска владата во Техеран, според иранската новинска агенција ИРНА. Деталите од одговорот на САД не беа обелоденети, пренесува француската новинска агенција АФП.
Иран доби официјален одговор од САД на својот најнов предлог за завршување на војната на Блискиот Исток.
„Министерот за надворешни работи Абас Аракчи му го претстави предлогот од САД на претседателот Масуд Пезешкијан за време на седница на владата“, изјави за ИРНА портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохаџерани.
Минатата недела, Иран објави дека доставил план до Вашингтон – преку Катар – во кој се наведени условите за завршување на војната и повторно отворање на Ормускиот Теснец, витална артерија за глобалното снабдување со енергија. Доколку се исполнат соодветните услови, теснецот би се отворил повторно во рок од седум дена и би се воспоставил нормален бродски сообраќај, изјави во петокот Абас Аракчи, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Не сите услови се јавно објавени. Сепак, јасно е дека Техеран, меѓу другото, бара прекин на непријателствата на сите фронтови на Блискиот Исток – вклучително и во Либан, каде што Израел се судира со проиранското движење Хезболах – како и одмрзнување на своите средства во странство, укинување на санкциите за нафтениот сектор и крај на американската блокада на иранските пристаништа.
Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата го отфрли иранскиот предлог, но во неделата за американскиот медиум „Аксиос“ изјави дека очекува разговорите да продолжат во наредните денови. Еден ден подоцна, Трамп го демантираше извештајот на „Аксиос“ во кој се тврдеше дека тој понудил ублажување на санкциите и ослободување на замрзнатите ирански средства во замена за конкретни чекори од страна на Техеран во врска со неговата нуклеарна програма.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
