Во Прилеп од рано утрово специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а МВР преку Бирото за јавна безбедност спроведува претреси на околу 30 локации.
Операцијата е координирана и е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура.
Според неофицијалните информации, истрагата е поврзана со активности со наркотици, а под лупа на истрагата наводно се и лица од полициските структури за кои постојат сомневања за можни поврзаности со лица или активности што се предмет на истрагата.
Од специјални единици до редовната униформирана полиција голем број полициски службеници се видливи на терен и се вршат проверки на повеќе локации во градот и поширокото подрачје.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
