Авион на компанијата „Флајдубаи“ (Flydubai), кој летал од Дубаи кон Тел Авив, наеднаш се спуштил на значително помала висина и емитувал код што означува општа вонредна состојба. Израелските власти првично се сомневале на можно киднапирање, но подоцна се испоставило дека инцидентот вклучувал „насилна расправија“ меѓу пилотите.
Авионот на „Флајдубаи“ полетал од Дубаи во 7:05 часот по локално време и требало да слета на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив околу 9:30 часот. Околу час и половина по полетувањето, додека авионот влегувал во јорданскиот воздушен простор, тој го емитувал кодот 7700, кој означува општа вонредна состојба. Кратко потоа, бил испратен сигнал со кодот 7500 – кој се користи за означување незаконско мешање во летот.Авионот, во кој се наоѓале 174 патници – вклучително и 27 деца – се спуштил од висина од приближно 10.400 метри на околу 5.000 метри. Според податоците за следење на летот што ги прегледа Си-ен-ен (CNN), тој изгубил околу 5.300 метри висина за нешто повеќе од две минути.
Потоа, авионот го променил правецот и се вратил во воздушниот простор на Саудиска Арабија. Првично летал кон југ, а потоа свртел кон запад и останал над саудиска територија, пренесува „Индекс“ (Index).
Поради необичната ситуација, израелските власти започнале голема безбедносна операција. Премиерот Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац свикале безбедносни консултации, а полицијата наредила формирање заеднички команден центар на безбедносните служби, според „Индекс“.
Во меѓувреме, комесарот на израелската полиција, Дани Леви, изјавил дека властите се подготвуваат за сите можни сценарија. Првично, немале сигурни информации за случувањата во пилотската кабина, па биле подготвени за можноста од киднапирање. По алармот, израелските власти како мерка на претпазливост испратиле и борбени авиони. Наводна физичка пресметка меѓу пилотите
Сепак, подоцна надлежните открија дека алармот не бил активиран поради киднапирање, туку поради физичка пресметка меѓу двајцата пилоти. Си-Ен-Ен известува дека инцидентот наложил итно пренасочување на летот; еден израелски претставник нагласи дека не станувало збор за киднапирање, туку за „внатрешен инцидент во кој била вклучена летачката екипа“.
На крајот, авионот безбедно слета во Саудиска Арабија.
Причината за спорот меѓу пилотите и последиците од инцидентот засега остануваат непознати.
Tagged as:
Инцидент на лет од Дубаи: Израел дури крена и борбени авиони
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
