Background

ПЛЕВНЕЛИЕВ ПРЕГОВАРАЛ СО ДВАЈЦА ПРЕМИЕРИ ЗА ПРВ ДА ГИ ВИДИ КОСКИТЕ НА САМУИЛ

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев тврди дека прв ги видел останките на цар Самуил за кои, како што вели, 3 години работел на враќањето, преговарајќи со двајца грчки премиери и со црковни поглавари.

– Преговарав со Вселенскиот патријарх. Преговарав со грчкиот патријарх. Преговарав со двајца грчки премиери. Бугарското Министерство за надворешни работи… Речиси сите се вклучија – раскажа Плевнелиев.

Плевнелиев за БТВ открива што Бугарија требало да даде за возврат за моштите за кои е најавено дека во сабота, 3 октомври, ќе ги добие Софија. Науката уште не е сигурна дали моштите пронајдени на островот св. Ахил се автентични.

- Advertisement -
Ad image

Во трите години кога преговарал Плевнелиев, бугарската страна, центарот „Дујчев“ одбил да даде грчки артефакти од Првата светска војна во замена за моштите.

– Нашиот пристап беше поинаков. Освен самото постигнување договор, сакавме двајцата патријарси – патријархот на Грција и патријархот на Бугарија – да се сретнат на границата и да ги разменат овие неверојатни артефакти – објасни Плевнелиев велејќи дека така тригодишниот труд поминал залудно.

Плевнелиев потоа раскажа и како станал првиот бугарски претседател што лично ги видел останките на Самуил.

– Бев поканет од грчкиот премиер. Да, јас бев првиот бугарски претседател што лично ги виде коските. И знаете, му се јавив на царот Симеон Саксобурготски. Отидовме заедно. И бевме таму заедно. Медиумите подоцна известуваа за тоа како еден цар и еден претседател оддаваат почит на еден голем бугарски цар – раскажа Плевнелиев.

Средбата со останките ја опиша како посебен момент, поради што сакал Саксобурготски, и официјално последниот бугарски цар, да биде покрај него.

– Тоа беше многу посебен момент за нас …Чувствувам огромна почит кон него и му се јавив токму поради тоа. Бевме таму заедно – додаде тој.

Плевнелиев призна дека неговата администрација не успеала да го заврши процесот, но вели дека на него подоцна работеле и други бугарски влади.

– Лично ја имав честа, како шеф на државата, да работам на ова прашање три години. Се приближувавме кон годишнината во 2014 година, кога се одбележуваа 1.000 години од трагичната смрт на еден голем бугарски владетел – цар Самуил. Во тоа време, силно сакавме да ги вратиме овие посмртни останки – објасни Плевнелиев, оценувајќи го целиот процес како голем дипломатски успех на Бугарија.

Плевнелиев беше премиер на Бугарија од 2012 до 2017 година.

Останките што денес се чуваат во Солун му се припишуваат на цар Самуил, но нивната идентификација не е потврдена со целосна научна сигурност. Скелетот бил откриен од грчкиот археолог Николаос Муцопулос во базиликата Свети Ахил на истоимениот остров во Малото Преспанско Езеро, каде што се смета дека Самуил бил погребан по смртта во 1014 година. Во близина биле откриени и други гробови, кои се поврзуваат со членови на владетелското семејство, меѓу нив и Гаврил Радомир.

Бугарскиот премиер Румен Радев во вторникот, 29 септември, потврди дека моштите ќе стигнат во Софија  пишувајќи дека Софија е местото кајшто „Самуил како дете научил за христијанството“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖