Во централниот дел на Токио денеска е регистриран 34-тиот последователен ден со дожд, со што е соборен досегашниот рекорд за најдолг врнежлив период откако се водат метеоролошките мерења, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Како што објави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на метеоролошката служба, во јапонската престолнина врне секој ден од 27 август до денеска. На овој продолжен период со врнежи му погодуваат приближувањето на неколку тајфуни, стационираниот есенски дождовен фронт и долината на низок воздушен притисок.
Претходниот рекорд изнесуваше 33 последователни дена со врнежи, а беше регистриран во периодот од 27 јуни до 29 јули 2019 година.
Најобилните врнежи во текот на овој бран беа забележани на 21 септември, кога во централен Токио наврнаа 156 милиметри дожд на квадратен метар. Вкупната количина на врнежи до понеделникот достигна 629 милиметри, што е речиси трипати повеќе од просекот за целиот месец септември.
Според прогнозите не се очекува овој продолжен период на врнежи наскоро да заврши. Дождот, главно во источниот дел на Јапонија, се очекува да продолжи најмалку до четврток, што се должи на задржувањето на есенскиот дождовен фронт кој вообичаено носи нестабилно време поради интеракцијата на сезонските воздушни маси.
Врнежите денеска зафатија и големи делови од источна и западна Јапонија. Меѓу попогодените региони е и градот Ечизен во префектурата Фукуи, во централниот дел на земјата, каде што рано утринава во рок од само еден час беа измерени повеќе од 30 милиметри дожд.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
