Белградскиот градоначалник Александар Шапиќ синоќа наводно удрил советничка од движењето „Крени-промени“, Тања Миќиќ, тврдат српските медиуми.
Миќиќ изјавила дека со сопругот и кучето се шетала во населбата на Нов Белград каде што живее и Шапиќ. Според нејзините тврдења, Шапиќ минувал во спротивна насока со уште еден маж, по што се свртел кон неа.
Таа навела дека Шапиќ ја обвинил дека доведувала луѓе пред неговиот дом. Кога се обидела да го извади телефонот и да го сними неговото однесување, тој, според нејзините зборови, почнал да ја удира по раката.
Нејзиниот сопруг се обидел да ја заштити, а таа застанала меѓу нив.
„Тој тргна да ме заштити, а јас застанав меѓу нив двајца. Тој замавна и ме удри во носот, по што веднаш ми потече крв. Ми го искриви носот, а потоа го удри и мојот сопруг“, изјавила Миќиќ.
Таа тврди и дека Шапиќ за време на инцидентот ѝ се заканувал нејзе и на нејзиниот сопруг.
Претседателот на „Крени-промени“, Саво Манојловиќ, соопшти дека полицијата го одвела Шапиќ. Снимка од приведувањето е објавена и на Инстаграм-профилот на движењето.
Од „Крени-промени“ подоцна соопштија дека Шапиќ бил пуштен на слобода и најавија протест денеска во 14 часот пред Третото основно јавно обвинителство. Од движењето порачаа дека ќе продолжат со барањата додека не биде соопштено името на јавниот обвинител кој го води случајот.
Манојловиќ, обраќајќи им се синоќа на граѓаните пред полициската станица на Нов Белград, изјави дека Шапиќ бил веднаш пуштен и дека не бил тестиран за алкохол или други психоактивни супстанции.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
