Background

Еден човек загина, повеќе од 160.000 домови останаа без струја, а поплавите и силниот ветер го нарушија авионскиот сообраќај и откажаа големи настани во Њујор и во Њу Џерси

Еден човек загина, повеќе од 160.000 домови останаа без струја, а поплавите и силниот ветер го нарушија авионскиот сообраќај и откажаа големи настани во Њујор и во Њу Џерси.

Вонредна состојба е прогласена во двата града, а предупредувањата се протегаат од Вирџинија до Мејн. Силната бура донесе поплавени улици, соборени дрвја и сообраќаен хаос на североистокот на САД.

Во Бруклин загина 56-годишниот Лејтон Браун, вработен во њујоршката Управа за домување. Дрво паднало врз него додека одел на дополнителна смена во Источен Бруклин.

- Advertisement -
Ad image

Проблемите се проширија и на електричната мрежа. Повеќе од 160.000 домови останале без електрична енергија, најголемиот дел на североистокот од земјата.

 

 

Бурата силно го погоди и авионскиот сообраќај. Повеќе од 2.400 летови биле одложени, а уште 1.199 биле откажани или приземјени.

На брегот ситуацијата дополнително ја влошила полната месечина, која придонесува за повисоко ниво на морето. Во делови од Њу Џерси водата ги преплавила улиците и навлегла во домовите.

 

 

Метеоролозите предупредија на значајни поплави во ниските крајбрежни области. Во Њујорк се очекувале налети на ветер до 86 километри на час, а силниот ветер веќе соборил дрвја и далноводи.

 

Градоначалникот на Њујорк Зохран Мамдани ги повика жителите да ги избегнуваат непотребните патувања.

– Не патувајте ако навистина не морате. Не возете или не одете низ поплавените води – порача Мамдани.

Невремето го наруши распоредот на големи спортски и музички настани. Во Њујорк бил откажан Глобалниот граѓански фестивал во Централ Парк, каде што меѓу главните изведувачи требало да бидат Лорин Хил, Вајклиф Џин и Џон Леџенд.

Бурата ја прекинала и концертната турнеја на Ед Ширан. Неговиот концерт на стадионот „Жилет“ во близина на Бостон бил откажан од безбедносни причини.

Фото: Илустрација

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖