Неколку пациенти во Црна Гора развиле симптоми на ботулизам по примање ботокс, но нивната состојба е стабилна. Лекарите се сомневаат дека бил употребен неисправен или лажен препарат означен како „Диспорт“, пренесува Н1.
Тие се стабилни и не се во животна опасност, изјави неврологот Балша Вујовиќ за телевизијата „Вијести“.
Станува збор за исклучително ретка реакција. Вујовиќ вели дека невролозите практично немале можност да видат ваков случај во последните 20 години.
Ботулинскиот токсин може да се прошири и на мускули на кои не требало да влијае. Последиците може да бидат спуштени очни капаци, двоен вид, асиметрија на лицето и несакана мускулна слабост.
Во потешки случаи може да се појават проблеми со голтањето, промени во гласот и тешкотии со дишењето.
– Ако некој почувствува слабост при голтање, промени во гласот или силна слабост на мускулите на лицето, тоа е аларм за пријавување кај лекар – изјавил Вујовиќ.
Неколку пациенти биле примени и хоспитализирани во Клиничкиот центар минатата недела по примање ботулински токсин. Болницата тогаш соопшти дека постои основано сомнение оти бил употребен неисправен или лажен препарат означен како „Диспорт“.
Tagged as:
Неколку пациенти во Црна Гора развиле симптоми на ботулизам по примање ботокс но нивната состојба е стабилна
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
