Background

Пенг Лиујан е речиси невидлива во кинеското општество

Таа разговараше со првата дама на САД, Меланија Трамп на англиски јазик без преведувач и тивко си пееше додека слушаше настап на младински хор и изгледаше елегантно во модерна верзија на традиционална кинеска облека, објави Ројтерс за впечатокот што го остави првата дама на Кина, Пенг Лиујан за време на официјалната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Вашингтон.

Сопругата на Си е најмоќната алатка на меката моќ на Кина, која проектира помека, подостапна слика за Кина во време на споровите со САД од трговијата до статусот на Тајван.

– Ти благодарам, мајко Пенг – ѝ рекоа децата во хорот откако вчера ја изведоа кинеската народна песна „Цвет од јасмин“ во Националниот музеј на азиска уметност Смитсонијан во Вашингтон.

- Advertisement -
Ad image

Амбасадорот на Кина во Вашингтон, Сие Фенг, ја истакна нејзината дипломатска улога на социјалната мрежа Икс. Тој објави видео од Пенг како аплаудира по настапот и напиша дека Пенг „ги охрабрила американските тинејџери да продолжат да учат кинески јазик и култура и да станат амбасадори на пријателството меѓу Кина и САД“.

 

– Таа помага да се стави почовечко лице на дипломатијата, која инаку може да биде доста ригидна, и гради позитивна атмосфера во односите меѓу САД и Кина – рече Џо Мазур, геополитички аналитичар во консултантската куќа Trivium China со седиште во Пекинг.

Сепак, дискусиите на кинеските социјални медиуми за нејзините активности и модни избори за време на нејзиното патување во Вашингтон беа строго ограничени, што покажува колку останува чувствителна јавната дискусија за животот на врвните функционери.

Пребарувањата за нејзиниот моден стил и познавање на англискиот јазик на популарната кинеска платформа Red Note не даваат резултати. Сопругите на врвните кинески лидери традиционално одржуваат низок профил со децении, поради искуството со Џијанг Ќинг, вдовицата на основачот на комунистичка Кина, Мао Це Тунг. Џијанг ја предводеше озлогласената Четиричлена банда, која имаше апсолутна власт за време на Културната револуција од 1966 до 1976 година. Како одговорна за смртта на десетици илјади луѓе во тој хаотичен период, таа беше осудена на условна смртна казна во 1981 година.

Пенг претходно беше позната во Кина како сопран во воен оркестар. Кога Си го почна својот подем на власт во раните 2000-ти, кинеските медиуми добија поголема слобода да известуваат за нејзините активности.

– Кога се враќа дома, никогаш не го гледам како лидер. За мене тој е само мој сопруг – рече Пенг во интервју од 2007 година за државно списание. Таа го опиша Си како штедлив, вреден и приземен.

Пенг, која самата потекнува од скромно семејство, се посвети на справување со тешки социјални прашања, како што е помагањето на луѓето што живеат со ХИВ и СИДА. Пенг е втора сопруга на Си. Имаат има ќерка која студирала на Харвард.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖