Background

Заeдничка изјава на Доналд Трамп и Ши Џинпинг од Белата куќа

Одлуките што САД и Кина ќе ги донесат за безбедноста, технологијата и вештачката интелигенција можат да придонесат за мир и просперитет во децениите што доаѓаат – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп пред почетокот на разговорите зад затворени врати со неговиот кинески колега Шји Џјинпинг во Белата куќа.

Изјавата беше дадена за време на заедичкиот обраќање пред медиумите, во рамки на тридневната државна посета на кинескиот претседател на Вашингтон, која вклучува воени почести и државна вечера.

Трамп истакна дека двете земји „работат на поттикнување побалансиран трговски однос, вклучително и нов пристап до пазарот за американските земјоделци и сточари“, додавајќи дека клучни теми на средбата се и итно зајакнување на соработката во областа на технологијата и „суперинтелигенцијата“, како што ја нарече вештачката интелигенција.

- Advertisement -
Ad image

Од своја страна, кинескиот претседател повика на градење меѓусебна доверба, продолжување на дијалогот и негување „здрава конкуренција“. Тој нагласи дека Пекинг и Вашингтон треба да ја интензивираат комуникацијата и дека, и покрај разликите во „националните услови“, двете земји можат подобро да се разберат преку искрен и континуиран дијалог.

Шји повика на зајакнување на контактите меѓу сите владини ресори — вклучително и за надворешни работи, економија, финансии, спроведување на законите и културна размена — како и за поголема соработка меѓу законодавните тела на двете земји.

– Треба да коегзистираме во мир. Како две големи земји, можеме само да добиеме од соработката, а и двете ќе изгубиме во случај на конфронтација – рече Шји.

Тој подвлече дека Кина и САД не треба да ја избегнуваат конкуренцијата, но таа мора да биде здрава и во рамките на одредени граници, повикувајќи на „трка во меѓусебно стигнување“, наместо на игра со нулта сума во која едната страна победува, а другата губи.

Кинескиот лидер заклучи дека двете велесили мора да ја почитуваат црвената линија на избегнување конфликт, со подобрување на механизмите за комуникација и спречување кризи меѓу нивните вооружени сили.

„Тукидидовата стапица може да се надмине“, рече тој, мислејќи на ризикот од конфликт меѓу растечка сила и веќе воспоставена сила, концепт поврзан со американскиот писател Херман Вук, кој се повикувал на античкиот грчки историчар Тукидид. Подоцна, овој концепт пошироко го популаризирал и политикологот Греам Алисон.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation