Индонезиската морнарица денеска во својата флота го претстави првиот носач на авиони, со цел да ги зајакне своите можности за поморска одбрана и одговор при катастрофи.
Бродот претходно ѝ припаѓаше на италијанската армија.
Италијанското знаме на поранешниот „ITS Giuseppe Garibaldi“ беше заменето со знамето на Индонезија на бродот кој сега се вика „KRI Sriwijaya (100)“, како дел од официјалната церемонија на примопредавањети што се одржа во пристаништето Танјунг Приок во Северна Џакарта.
Носачот на авиони, повлечен од употреба од Италија во 2024 година, пристигна во индонезиско пристаниште минатата недела по 25-дневно патување низ Суецкиот Канал, Црвеното Море и Индискиот Океан.
Има капацитет за сместување авиони со можност за кратко полетување и вертикално слетување, како и за хеликоптери.
За разлика од големите поморски сили, Индонезија ќе го користи бродот како мобилен команден и логистички центар за хеликоптери, беспилотни летала и поморски операции низ архипелагот.
Досега само 8 држави во светот имаат класични носачи на авиони што се во активна служба и можат да оперираат фикснокрилни летала. САД имаат 11 носачи, Кина има 3, Велика Британија, Индија и Јапонија имаат по 2, а Франција, Италија и Русија по еден носач. Рускиот носач „Адмирал Кузнецов“ моментално е неоперативен поради долгогодишниот ремонт.
Дополнително, големи универзални бродови со рамна палуба способни да оперираат хеликоптери или авиони со кратко полетување имаат Шпанија, Турција и Тајланд.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
