Background

Мега скандал: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски!

Мега скандал: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски!

Во Америка има закон. Ако некој однадвор плаќа лобист да работи кон американски функционери, тоа се пријавува. Се вика FARA.

Регистар бр. 6170.

- Advertisement -
Ad image


Таму пишува: американската куќа Mercury Public Affairs ја плаќа фирма од Скопје – АТС Груп ДООЕЛ.


Приватна фирма.


Значи не ја плаќа Министерството за надворешни, владата…. Ја плаќа приватна компанија за муниција, шлемови, балистичка опрема.


Сопственик: е Шефшет Демировски.


Цена: 130.000 долари месечно. Квартално однапред 390.000. Годишно околу 1,56 милиони долари.


Договорот трае, низ 2026 и 2027 година.


На 2 април 2026 истата куќа, платена од АТС, предава материјал со наслов „Стратешко партнерство САД–Северна Македонија“.


Во текстот не стои „продајте ни куршуми“. Стои пакет влада со влада.


Име: Трамп и Мицкоски. Нула царини. Американски гас. Стотици милиони за американски ИТ.


Повластен пристап за американска одбрана.


Енергетски столб од ред 1,5 милијарди долари.


Превод за секој што не чита регистри: приватна фирма за оружје плаќа американски лоби да ги турка темите на Мицкоски како да се државни.


Ова е мега скандал.


Што бара таа фирма? Пазар за наоружување и опрема.


Што е антимон? Метал што влегува во воена индустрија – тврди легури, муниција, заштита.


Пет милиони долари грант за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка, Мицкоски го продаде како успех од Америка.


За Гета фрлија 5,53 милиони евра народни. Земјата евтина. Концертот скап. Јаловината останува во почва и вода.


Затоа ова е многу едноставно. Кога немаш официјален термин, одиш каде што лобистот отвора врата: хотелски фоаје, ходник, 42 секунди, слика од страна.


Потоа дома тоа го викаш средба на ултра високо ниво.


Заштита на идентитетот. Стратешко партнерство.


Проверивме што може да се провери. На сајтовите на Белата куќа, Стејт департментот, агендите на секретарот Марко Рубио и на заменикот Кристофер Ландау, Пентагон, ДФЦ, Конгрес, FARA – за посетата од 15 до 22 септември 2026 нема официјална објава дека Мицкоски имал состанок со Рубио, со Ландау или со друг висок функционер на администрацијата.


Нема агенда. Нема заедничко соопштение. Нема потпис. Има Фејсбук.


Ако Вашингтон не го запишал, тоа не е државна средба туку неформален контакт.


Ако истиот човек дома го продава како самит, тоа е лага.


Ако истиот месец приватна каса, приватна фирма плаќа лоби за неговата агенда, тоа не е
случајност. Тоа е метод.


Педесет души на народен грб. Приватна фирма плаќа врата.


Премиерот се слика на ходник. Антимонот влегува како „почеток“. Народот не се прашува.


Провизијата се знае кај него. Ризикот останува кај нас: вода, почва, сметка.


СДСМ е за сојуз со Америка ама вистински сојуз. Како што ние успеавме. И со САД да ги издигнеме односите на највисоко ниво и НАТО да го затворивме токму ние.


Но ние сме против тоа државата да се води од фоаје и од каса на производител на муниција.


Ова мириса на корупција и мора да се истражи!


Бараме јавно да биде објавена целата документација.


Цел извод FARA 6170, материјалот од 2 април, список кого Mercury го барал во име на АТС, кој ја платил делегацијата, и писмен одговор зошто антимон се води како државен интерес додека го лобира приватна воена фирма.


Ходникот не е кабинет. Лобито не е дипломатија.


Антимонот не е леб. Тоа е руда за оружје.


Кој го плаќа лобито, тој ја пишува агендата. Во овој случај не ја пишува народот.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=PLpmkhyJzHU 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation