Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, кој е дел од македонската владина делегација на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, потврди дека се очекува официјализирање на стратегијата за проширување согласно предлозите на Франција и Германија за постепена интеграција на кандидатките, која ја смета за позитивен исчекор.
– Тој документ сѐ уште е нон пејпер, но е предложен и поддржан од Франција и од Германија. Секако дека во овој период беше тема на дискусија и меѓу други членки на ЕУ, пред да се објави како официјален документ. Го сметаме како добронамерен и со цел за поддршка на сите земји аспиранти за членство во ЕУ. Очекувам тој документ да биде усвоен, доколку не се смени стратегијата за негово официјализирање, и дека ќе игра добра улога во забрзување на процесот на евроинтегрирањето. Сите земји членки и аспиранти, во комуникациите што сме ги имале досега, гледаат позитивно на тој документ – изјави Сали.
Вицепремиерот ја поддржува и иницијативата на премиерот Мицкоски за вклучување на трета страна во разговорите со Бугарија.
– Комуникацијата со Софија во овој период недостасува, но во еден период секако таа треба да се води со присуство на лидер на земја членка или на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот Совет. Сметаме дека овие комуникации треба да бидат веродостојни и секако потврдени од трета страна, имајќи ја предвид чувствителноста и значењето на овие комуникации и контакти. Би требало да се добредојдени доколку се поддржани со присуство на трета страна – вели Сали.
Вицепремиерот посочи дека на средбите во Њујорк, македонската страна имала средби со повеќе лидери на држави во светот, на кои ги пренесува приоритетите на државата и посветеноста на членството во НАТО, зајакнувањето на контактите и соработката со САД, целосното европското интегрирање.
– Како држава потврдуваме уште еднаш сите чекори кои што ги преземаме за полноправно членство, напредокот во реформската агенда во склоп на планот за раст и патоказите кои што ги усвоивме за владеење на правото, за праведно управување со јавната администрација, и секако акциониот план за малцинства – изјави Сали во разговор за МИА во Њујорк.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
