Background

Жерновски: Во САД се виде дека Мицкоски не е во „периметарот“ туку на периферијата

🎙️Посетата на САД покажа каде навистина се наоѓа Мицкоски на меѓународната сцена, на периферијата, посочи Андреј Жерновски, секретар за меѓународна соработка и член на ИО на СДСМ, во гостувањето во „Директно“ на Телма, осврнувајќи се на средбите на Мицкоски и Муцунски во Вашингтон и Њујорк, како и на застојот на европскиот пат.
„На фотографијата Муцунски и премиерот Мицкоски се седнати во ќошот, на една „магарешка клупа“, па како граѓанин ми беше незгодно да гледам. Не се сеќавам дека некој претседател, премиер или министер, без разлика дали е од ВМРО или СДСМ, се презентирал вака“, рече Жерновски.
Жерновски посочи дека снимката од средбата на Мицкоски и Муцунски со државниот секретар Рубио може да влезе во рубриката „вознемирувачко видео“ и дека средба од 40 секунди во ходник се претставува како разговор за Стратешкиот дијалог што е крајно несериозно.
„Но, добро е што конечно падна лагата за некаков периметар во кој премиерот Мицкоски нè уверуваше дека се наоѓаме, бидејќи тој е ‘лично голем пријател со Трамп’ и така натаму, бидејќи ова што го видовме е всушност периферијата во која денес се наоѓаме како држава“, посочи Жерновски.
Жерновски се осврна и на изјавата на премиерот Мицкоски од Вашингтон дека раскинувањето на меѓународните договори би било идеално само доколку Македонија е сама во светот.
„Внимавајте на изјавата на премиерот Мицкоски: сега му текна на премиерот – раскинувањето на меѓународните договори би било идеално само ако сме сами во светот. Човек кој со лага дојде на власт и со лага дека ќе го врати името, со лага дека ќе го раскине Преспанскиот договор, со лага дека ќе распише референдум за договорот со Бугарија, сега почнува да зборува поинаку од времето кога со лага дојде на власт, за да каже, односно да критикува дека сепак не е добро да се раскинува меѓународниот договор. Па, таквото понижување на гласачите кои гласаа најмногу за ВМРО е неприфатливо. И кога зборуваме за коленичење, клечеше Мицкоски, има и фотографии, каде што уверуваше дека ќе го врати уставното име. Па, денеска сакам да ги прашам од ВМРО, кога вие како партија ќе го вратите уставното име?“, потенцираше Жерновски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation