Македонскиот фризер и шминкер Марјан Петров роденденот годинава го прославил во Милано, но наместо само торта и подароци, добил и нешто што тешко се планира – случајни средби со две светски познати жени.
Петров на социјалните мрежи сподели фотографии од престојот во италијанската модна престолнина. На една од нив е со бразилската манекенка Адријана Лима. Покрај фотографијата напиша:
– Само еден опуштен момент со Адријана Лима.
Изненадувањето продолжило само еден час подоцна. Петров објави уште една фотографија, овојпат со американската пејачка Сијара, која во моментов го очекува своето петто дете.

