Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Рeтклиф за време на застанувањето на аеродромот Шенон во Ирска на пат кон Њујорк, објавија британските медиуми.
Зеленски и Ретклиф разговарале неформално додека нивните авиони се полнеле со гориво, изјавија неименувани извори, додавајќи дека содржината на нивниот разговор не е позната.
Зеленски бил на пат кон Њујорк каде ќе присуствува на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН, додека Ретклиф се враќал од состанок со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси.
До средбата дојде на помалку од еден месец откако шефот на ЦИА ја посети Москва, каде што се сретна со високи руски владини претставници за да разговараат, меѓу другото, за војната во Украина.
Британскиот весник „Фајненшел тајмс“ на почетокот на септември објави дека Ретклиф би можел да биде поканет да игра истакната улога во дипломатските напори на Вашингтон за завршување на војната, додека американската администрација размислува за преиспитување на составот и распределбата на улогите во рамките на својот преговарачки тим.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
