Словачкиот премиер Роберт Фицо изрази загриженост за можен конфликт меѓу Русија и НАТО и ја доведе во прашање посветеноста на Словачка кон принципот на колективна одбрана на Алијансата. Во пресрет на неговата посета на Украина, Фицо оцени дека војната во таа земја „излегла од контрола“ и дека опасноста од конфликт на ниво на цела Европа никогаш не била поголема, пишуваат украинските медиуми.
– Не сакам Словачка да биде дел од вооружен конфликт поради некаков Член 5 – рече Фицо во словачкиот град Прешов.
Тој алудираше на одредбата од Северноатлантскиот договор, според која нападот врз една членка се смета за напад врз целата алијанса. Член 5 ги обврзува сите земји-членки на НАТО да му помогнат на сојузникот кој е нападнат на кој било начин што го сметаат за соодветен, што може да вклучува и вооружен одговор.
Фицо е еден од најгласните критичари на европската воена помош за Украина. Тој е, исто така, еден од ретките шефови на влади на НАТО кои се сретнале со рускиот претседател Владимир Путин за време на тековната војна.
– Да, ние сме во НАТО, го цениме тоа, а соработката и обврските се важни за нас. Сепак, како шеф на владата, ќе направам сè што можам за да спречам Словачка да биде вовлечена во вооружен конфликт – додаде тој.
Tagged as:
Фицо оцени дека опасноста од конфликт во цела Европа никогаш не била поголема
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
